Персонал
HIP
Сања Стефановиќ
Сања Стефановиќ е координатор на проектот за „Хисторија, историја, повјест – лекции за сегашноста” во име на Младински образовен форум (МОФ). Како едукатор, активист и залагач за дебата, Сања е вклучена во невладиниот сектор во Македонија од 2002 година. Како активен член на МОФ, таа е постојано вклучена во младински активизам, застапување и волонтерство. Нејзините секојдневни активности вклучуваат и организација и управување со настани, менаџирање со проекти, граѓански иницијативи, интернет и младински активизам, промоција на волонтерството, борба против предрасудите и улична уметност. Во последниве години, по зголемување на нејзината ангажираност во МОФ, таа работи со млади луѓе од различни потекла. Сања организира, создава и одржува обуки на различни теми од различни области од значење за младите луѓе во земјата и во регионот. Моментално работи како програмски асистент на програмата Младински активизам во МОФ. Во моментов, Сања студира психологија на Универзитетот Св. Кирил и Методиј и Гешталт психотерапија во Гешталт Институт во Скопје. Кога не работи или студира, таа се занимава со фотографија, современа и улична уметност и рачни изработки.
Сандра Анастасовска
Сандра Анастасовска е претседател на Младински образовен форум, партнер организација во проектот „Хисторија, историја, повјест – лекции за сегашноста”. Вклучувајќи се повеќе од една деценија во областа на образованието и човековите права, Сандра може да придонесе кон градењето на платформа за меѓусебно разбирање и намалување на стереотипите и предрасудите кај младите луѓе со различни позадини. Покрај тоа што доаѓа од Балканскиот регион, каде што национализмот и дискриминацијата оставаат белег во личниот развој на младите луѓе, Сандра има знаење и вештини за работа со маргинализирани групи, почитувајќи ги различностите. Таа беше координатор на телото што ги создаваше наставните планови и методологијата што е дел од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието. Во изминатите неколку години таа беше активно вклучена во создавање и развој на методологија и спроведување на обуки од областа на дебата, Учиме право, управување со настани, младински политики (младинско учество и младинско организирање), застапување и лобирање, дискриминација и човекови права, а на национално ниво управување со 22 дебатни и 14 учиме право младински клубови. Таа е магистар во бизнис право, од Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Правен факултет “Јустинијан Први” од Скопје.
Твртко Патер
Твртко Патер е хрватскиот координатор на проектот финансиран од ЕУ, наречен „Хисторија, историја, повјест – лекции за сегашноста“. Долгогодишениот дебатер и дебатен тренер, Твртко, е добро обучен да ги земе предвид различните перспективи и да изнајдува компромиси и разбирање каде се чини дека не постои. Тој е претседател на организацијата која е хрватски партнер – HERMES која веќе има работено со Куќата на Ана Франк на “Историја за денес”, проект кој се занимава со последиците од Втората светска војна. Неговата работа како тренер за човекови права на проектот Модел на Меѓународниот кривичен суд за Западен Балкан (MICC WeB), исто така му дава уникатна перспектива за тоа како младите луѓе гледаат на историјата на Балканот и нивната улога во справувањето со таа историја.
Лина Јурјевиќ
Лина Јурјевиќ е хрватскиот надзорник на проектот на Куќата на Ана Франк „Хисторија, историја, повјест – лекции за сегашноста“. Таа е потпретседател на HERMES – Хрватската образовна и развојна мрежа за еволуцијата на комуникацијата. Нејзиното прво искуство со НВО секторот беше во 2013 година, кога волонтира на изложбата “Ана Франк – Историја за денес” и работилниците поврзани со неа (Free2Choose). Како студент по историја и историја на уметноста, таа е многу заинтересирана за проекти поврзани со историјата, особено ако нивната цел е да се подобри разбирањето и емпатијата кај луѓето.
Јасмин Хасиќ
Јасмин Хасиќ е директор на Човечност во акција од Босна и Херцеговина и тој е надзорник на проект ХИП во Босна и Херцеговина. Исто така, тој е докторски кандидат на Политичка теорија на Libera Università Internazionale degli Studi Sociali Guido Carli di Roma and l’Université libre de Bruxelles. Неговата академска и професионална позадина е во Меѓународни односи, европски студии, политички науки и право. Тој има додипломски и постдипломски студии по право на Универзитетот во Сараево – Босна и Херцеговина (2010 и 2013), додипломски студии во Европски студии и меѓународни односи на Универзитетот Масарик, Чешка (2011), како и постипломски студии по политички науки од Универзитетот на Централна Европа – Унгарија (2012). Тој работел како научен аналитичар во Центарот за безбедносни студии во Сараево, како приправник во Европскиот парламент во Брисел.
Керим Сомун
Керим Сомун е координатор за Босна и Херцеговина на проектот на Куќата на Ана Франк – „Хисторија, историја, повјест – лекции за сегашноста“. Керим е проектен координатор во Младинската иницијатива за човекови права од Босна и Херцеговина и тој е, исто така, координатор за Босна и Херцеговина на проектот Модел на Меѓународниот кривичен суд – Западен Балкан. Во изминатите осум години работел за неколку национални и меѓународни организации, како што се Човечност во акција – Босна и Херцеговина, Едукативен центар за човекови права и демократија – CIVITAS, PEP International, Младински советодавен панел на УНФПА, Меѓународно младинско движење, GNRC – Босна и Херцеговина и исто така, тој е национален координатор на многу волонтерски мрежи во Босна и Херцеговина. Во прилог на овие ангажмани, тој е активно вклучен како надворешен соработник и тренер за спроведување на различни програми и проекти во повеќе национални и меѓународни организации. Неговите тренерски вештини се особено фокусирани на процесот на донесување одлуки, градење на мирот, толеранцијата и младинско лидерство. Исто така, тој е еден од најдобрите студенти на Факултетот за јавна администрација, придружна членка на Универзитетот во Сараево на кој тој ќе дипломира во септември 2016 година со предлог-теза: „ Вклучување на младите во процесот на донесување одлуки со компаративна анализа на земјите од Западен Балкан.
Борис Миковиќ
Борис Миковиќ е координатор за Србија на проектот „Хисторија, историја, повјест – лекции за сегашноста“, од организацијата Отворена комуникација, која е локален партнер на Куќата на Ана Франк. Со членување во Управниот одбор, Борис учествува во борбата на Отворена комуникација да ја направи Србија динамичено и живо општество. Во минатото, неговата работа со разни невладини организации се состои од интеркултурен дијалог со културни и етнички малцинства и промовирање на процесот на демократизација. Тој е ко-основач на студентска организација, која се занимава со политичката еманципација на младите. Тој мисли дека неговиот недостаток на национална свест го прави отпорен на „балканска“ ксенофобија од 21-от век. Борис дипломирал на Факултетот за политички науки при Универзитетот во Белград, со диплома по Политички науки –Меѓународни односи, а во моментов пишува магистерски труд (Јавно здравје – Факултет за медицина).
Ана Костадиновиќ
Ана Костадиновиќ е надзорник на проектот „Хисторија, историја, повјест – лекции за сегашноста“ за Србија. Нејзините компетенции се основаат на дебата и искуство во јавно говорење, како и лични интереси за идејата на ХИП проектот. Таа се покажа како тренер и координатор на дебатни курсеви, но нејзината ангажираност во оваа организација, исто така, вклучува работа во тимот за односи со јавноста. Пред да стане член на ОК, таа пет години волонтираше во Младинска канцеларија (МК). Во овој период, таа помина многу семинари, работилници, неформални и врснички едукации, кои опфаќаат теми од човековите и малцинските права, кои се занимаваат со минати конфликти и унапредување на квалитетот на животот. Додека работеше во МК, таа започна соработка со кредибилни организации од областа на човековите права во Србија, како Хелсиншкиот комитет за човекови права и Белградскиот центар за човекови права. Таа е додипломски студент по новинарство и комуникација на Факултетот за политички науки на Универзитетот во Белград. Ова е нејзиниот прв меѓународен проект, но таа верува дека не е и последен.
Др. Маја Ненадовиќ
Др. Маја Ненадовиќ е координатор од Куќата на Ана Франк на проектот “Хисторија, историја, повјест – лекции за сегашноста” кој е финансиски поддржан од ЕУ. Како искусен дебатен тренер, оратор, политички консултант, истражувач, тренер за човекови права и застапување и едукатор за (де)конструкција на идентитети, Маја внесува во проектот особен интерес за предизвикување и трансформирање на општествените стереотипи преку искуствена дебата, „радикална“ емпатија и дијалог како сретства за решавање на недоразбирање и судир, особено кај ранливите и маргинализирани групи во општеството. Како глобален тренер и консултант со 16 – годишно искуство, таа подучува во повеќе од 20 земји во светот. Нејзината последна работа во регионот на Централна и Источна Европа се фокусира на справување со појавата на популизмот и екстремизмот. Маја е исто така еден од иницијаторите на моделот Меѓународниот кривичен суд за Западен Балкан (MICC WeB – www.miccweb.org), проектот кој ги спојува средношколците и наставниците од цела Босна и Херцеговина, Хрватска и Србија да симулираат судења од воени злосторства и да учат за човековите права и нивните повреди, во текот на историјата, како и за распадот на Југославија во 1990-тите. Таа е доктор по политички науки на Универзитетот во Амстердам.
Лаура Боерхот
Лаура Боерхот е докторанд на Универзитетот во Амстердам која ги истражува генерациското пренесување на сеќавањата од војната во Босна во Европа и работи како слободен едукатор/говорник за сеќавањата, (усната) историја и наследство. Таа има дипломирано Историја и магистрирано Студии за Холокауст и Геноцид, со фокус на меморализација во Југо-источна Европа. За Куќата на Ана Франк таа го ко-создаде концептот „Memory Walk“ (Прошетка низ сеќавањата) и организираше неколку вакви работилници за филм за оспорена историја во Европа. Заедно со Младинска иницијатива за човекови права од БиХ и Куќата на Ана Франк таа организираше Memory walk во Сараево и Источно Сараево и, во соработка со Форум ЗФД, има изготвено прирачник за соочување со минатото во Југо-источна Европа. Таа е активен член на Memory Lab. Trans European Exchange Platform on History and Remembrance и Humanity in Action.
Карен Полак
Карен Полак е историчарка која има долгогодишно искуство во издаваштво и образование. Таа има дипломирано на Универзитетот во Амстердам (1989) со специјализација во „Женска историја и педагогија“. Во 1991 година таа се приклучува на едукативниот персонал во Куќата на Ана Франк како развивач на курикулуми. Во соработка со ОБСЕ/ОДИХР таа работи на развивање на наставни материјали за тема Антисемитизам со партнери од четиринаесет земји. Во моментов, таа води меѓународен проект со шест партнери од Европа со кои развива едукативни алатки на повеќе јазици, достапни онлајн, на тема Антисемитизам и други форми на дискриминација (повеќе на: www.storiesthatmove.org). Таа е член на холандската делегација во Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот (ИХРА) од 2001 година како делегат во работната група за образование и заседава со комитетот за геноцидот на Ромите во ИХРА. Покрај останатите, таа придонесе во развивање на www.romasintigenocide.eu и www.romasinti.eu. Карен Полак е заседавач на Dutch Friends of Aktion Sühnezeichen Friedensdienste, член на одборот на Leo Smit Foundation (www.leosmith.nl) и на Меѓународниот советодавен одбор на Домот на Конференцијата Ванзе.
Ивана Габалова
Ивана Габалова работи во Меѓународниот едукативен оддел во Куќата на Ана Франк, тренирајќи и координаријаќи проекти кои се занимаваат со предрасуди и дискриминација, човекови права, едукација за геноцидот и холокаустот врз Ромите. Како независен едукатор таа се интересира за етика во едукација, критичко размислување, активно граѓанство и превенција од радикализација кај младите, со особен интерес за тешко достапните ученици и е член на РАН работна група за превенција на Мрежата за подигање на свеста за радикализација (РАН), поставена од Европската комисија и од фокус групата “Тешко достапни ученици и млади” од НЕЦЕ – Мрежа на европско граѓанско општество. Ивана има завршено додипломски студии по Социологија и Социјални политики од Универзитетот Чарлс од Прага. Во проектот ХИП, таа е проектен асистент од страна на Куќата на Ана Франк.
Бери ван Дриел
Бери ван Дриел е едуциран на универзитети во Холандија и во Обединетите американски држави. Има завршено додипломски студии по Психологија на Култура и Религија со специјализација во образование. Се приклучи во тимот на Куќата на Ана Франк во 1992 година, каде што сега е меѓународен директор за тренинзи за наставници и развој на курикулуми. Бери е уредник на меѓународниот академски журнал Интеркултурна едукација (http://www.tandf.co.uk/journals/titles/14675986.asp) од 2000 и во моментов е подпретседател на Интернационалната Асоцијација за Интекултурна едукација (IAIE). Бери има работено како сениор едукативен консултант во Канцеларија за демократски институции и човекови права (ODIHR) во Варшава, како и консултант во УНЕСКО и во ФРА (Агенција за фундаментални права). Од 2010 година тој е член на жири комисијата на престижната награда на Обединтетите нации – BMW Интернационална награда за иновации и беше назначен за претседател на жири комисијата во 2003. Тој има едитирано книги насловени: Соочување со исламофобија во едукативните практики (Лондон, 2005) и Предизвикување на хомофобијата (со Луц ван Дијк, Лондон, 2007) и има издадено повеќе од десетици академски статии и поглавја од книги.