Лента на времето на Југославија – Миленко Хајдаровиќ
Со поставување на основната хронолошка рамка, ученикот може да го следи развојот на политичките и општествените процеси во Југославија, а со тоа создаваме опкружување за подлабоко влегување во поединечна тематика по избор. Часот е планиран како вовед во темата во 8 одделение основно училиште (или кога учениците за првпат се среќаваат со темата).
Трага од минатото на вратата на сегашноста – Тихана Магаш
Трага од минатото на вратата на сегашноста“ е изложба на предмети од Татковинската војна, кои учениците ги присобраа, ги архивираа и ги каталогизираа, а на крајот и ги осмислија и ги реализираа во изложбениот простор на Народниот музеј, Задар во Кнезовата палата од септември 2013 до јануари 2014 година.
Проучување на тоталитаризмот – Јелена Дошлов
Целта на овој наставен план е запознавање на учениците со поимот тоталитарна мисла, нејзиното преживување во различни временски периоди, како и во различни простори. Предавањето треба во себе да инкорпорира поедини сознанија од политичката филозофија, која ја проучуваме во мислите на Платон, Хегел, Ниче, Ленин, Икбал, во корелација со мислите за тоталитаризмот во филозофијата на Хана Арент.
Општествената криза и поразот на Југославија – разбивање на заедничката држава – Бранислав Тоѓер
На учениците им се претставува блиското минато, настаните што сè уште не се расветлени. Учениците ги поврзуваат настаните во земјата со случувањата во светот. Преку оваа лекција ќе ги разберат меѓучовечките и меѓунационалните односи на просторите на бивша Југославија.
Квиз „Краткиот Живот“ и вежби – Мирела Ненадовиќ и Хелена Росташ
Овој квиз и вежби се поврзани со животот на Ана Франк и нејзиното семејство. Во централниот дел на оваа лекција е филмот „Краткиот живот на Ана Франк“и завршниот дел е десет-минутен квиз со прашања со повеќе избори во врска со филмот.
Во потрага по подобар живот – Бесник Емини
Овој наставен план е за движењето на луѓето со цел да пронајдат подобро место за живеење. Станува збор за луѓе кои ја напуштаат својата родна земја од најразлични причини. Оваа лекција е во врска со тековното време, бидејќи низ цела Европа, многу луѓе се доселуваат како емигранти, напуштајќи ги нивните земји поради политичка нестабилност, војни, економска криза, итн.
Бегалците не се број – Мишо Докмановиќ
Настрана од стандардните содржини и теми врзани за распадот на Југославија, како порастот на национализмот или етничките војни, оваа лекција ќе испита често занемарено прашање поврзано со судбината на бегалците и раселените лица во Југословенските конфликти. Според Високиот комесар за бегалците и раселените лица на ОН, речиси 3 милиони луѓе биле присилени да ги напуштат своите домови во бивша Југославија за време на декадата конфликти.
Положбата на имигрантите од земјите од бивша Југославија во Словенија – Моника Монтанич
Темата е секојдневниот живот на имигрантите од земјите од бивша Југославија пред и откако Словенија се стекнала со независност и претставува вовед во дискусијата за позицијата на граѓаните од другите националности во други земји, специфично онаму каде што наставниот план ќе биде одржан.
Нов бран – Мирела Ненадовиќ и Хелена Росташ
Наставната единица ја покривата темата на музичка сцена од новиот бран што во бивша Југославија се развива на преломот на седумдесеттите и осумдесеттите години на 20 век, општествено-субверзивните теми на песните од новобранските музички состави како и реакциите на дел од јавноста и државните институции на тие теми.