Изложба
HIP
Изложба
Меѓународната изложба „Ана Франк – Историја за денес“, создадена во 2008 година, сега се прикажува во повеќе од четириесет земји. Изложбата содржи триесет и два панели за животот и Дневникот на Ана Франк , нејзиното семејство и општите историски настани што доведоа до холокаустот. Светската турнеја на изложбата е координирана од страна на куќата на Ана Франк во соработка со локалните партнерски организации.
Историја за подигање на свеста или „Historija/Istorija/Povijest za sv(ij)est“ е придружната изложба, која се состои од неколку панели од локалната историја кои контекстуализираат теми релевантни за последните 60 години на историја, фокусирајќи се на штетни модели на национализмот, војни, дискриминација и одбивање на соочување со минатото . Во рамките на проектот ХИП, уникатни локални историски панели се создадени за изложби во Босна и Херцеговина, Македонија и Србија.