ЗА ХИП
HIP
ШТО Е ХИП?
Проектот „Хисторија, историја, повјест – лекции за сегашноста“ е лансиран во 2015 година од страна на Куќата на Ана Франк, во соработка со локалните партнерски организации од Хрватска (Хрватска образовна и развојна мрежа за еволуција на комуникацијата – ХЕРМЕС), Босна и Херцеговина (Младинска иницијатива за човекови права – YIHR и Хуманост во акција – HIA), Србија (Отворена комуникација – ОК) и Македонија (Младински образовен форум – МОФ)
Имавме големи цели – да подигнеме свест и да покренеме дискусија за скорешната историја на национализам, ексклузија, предрасуди, дискриминација во регионот и да промовираме дебата и дијалог за нашето заедничко минато. Исто така, сакавме да промовираме критичко мислење за историски настани и нивното значење за современи предизвици, како и да инспирираме историско образование кое е интердисциплинарно граѓанско образование.
Овој проект се надоврзува на мисијата на Куќата на Ана Франк, независна организација на која и е доверено местото каде што Ана Франк се сокривала за време на Втората светска војна и каде што го напишала својот славен дневник. Денес, организацијата поттикнува рефлектирање на опасностите од антисемитизмот, расизмот и дискриминацијата и важноста од слобода, еднакви права и демократија во светот.
Се надеваме дека едукативните материјали и ресурси креирани за време на проектот ќе инспирираат дискусија за историја, сеќавање и меморија во и вон училниците низ регионот. Историјата предолго е поделувачки и спорен фактор во регионот. Се надеваме дека оваа методологија на отворено зборување за различни погледи и перспективи на нештата ќе дозволи младите луѓе да го обработат минатото на тој начин што ќе се создаде простор за повторно преземање на сегашноста, но исто така и иднината.
Ви благодариме за посетата на оваа страница: ви посакуваме одлично едукативно време поминато во истражување и користење на нашите едукативни ресурси!
ТИМ
Многу лица напорно работеа да направат проектот “Хисторија, историја повјест – лекции за сегашноста” да биде возможен. Тука можете да научите повеќе за позадината на нашите членови, како и за експертите кои придонесоа за проектот.
ЕВРОПСКА УНИЈА
Проектот e овозможен преку грант од регионалните и хоризонталните програми на Европска унија. Куќата на Ана Франк , заедно со своите локални партнерски организации од Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија и Србија, беше еден од примачите на EuropeAid / 135428 / DH / ACT / Мулти грант , насловен како ” Помирување на Западен Балкан преку анализа на минатото , известување за транзициската правда и унапредување на истражувачкото новинарство. “