Голи Оток – Смилја Мрѓа
Заднината на темата, релевантноста на темата, ситуирањето на темата во општествено историски контекст, релевантноста на темата за современиот момент. Тенденцијата на предавањето е да се прикаже Голи оток од повеќе перспективи (перспективите на казнениците, иследниците и основачите) и да се смести во тогашен временски, политички и идеолошки контекст на судирот Тито-Сталин во времето на студената војна.
Дали е урбано да носиш турбан? – Бојана Голубовиќ
Модерната историја препознава два тека на развојот на културата и свеста во СФРЈ, особено во Србија – еден што се однесува на руралното (традиционалното) и друг што се однесува на урбаното (модерното). Најлесен начин е да се одбере страна, многу е позахтевно да се испитаат изворите на настанувањето на стереотипите и процесот што тоа настанување го следи.
Значењето на овие стереотипи е тоа што тие не им припаѓаат исклучиво на рамките на Србија, туку на светот и дека и денес ги разделуваат луѓето.
Меѓународен кривичен суд за бивша Југославија – Алмир Алиќ
Темата ќе ја покрие судската компонента од процесот на транзициската правда, со посебен осврт на улогата на Меѓународниот кривичен суд во гонењето на поединците одговорни за тешките кршења на меѓународното хуманитарно право.
Човековите права во Југославија: Право на вероисповед – Д-р Џевада Шушко
Оваа лекција е воведна лекција во првата година на комунизмот во која се креирале специјални политики спрема верските заедници. Овие политики се претставени со неколку права во првите пет години по воспоставувањето на социјализмот. Набљудувано од денешна перспектива, каде што се чини дека човековите права се земаат здраво за готово, ако повнимателно го погледнеме периодот 1945-1950, ќе ја видиме важноста на тој меѓународен документ.
Фудбалската арена како боиште за искажување на национализмот – Весна Ивезиќ
Оваа лекција е анализа на улогата на однесувањето на навивачите во распламтувањето на национализмот во земјите во бивша Југославија (користење на примерот со Хрватска и Србија) и поврзување со денешнината. Случувањата на спортските терени и самиот спорт стануваат важни агенси на спорот во бивша Југославија, пред и за време на војната.
Секојдневниот живот во Југославија за стручно образование – Сања Грегориниќ
Истражување на секојдневниот живот во Југославија, особено во областа на Лабин, со акцент на храна, пијалоци и развој на туризмот. Стекнување на знаења за секојдневниот живот во Југославија (1945-1990), со фокус на околината на Лабин. Преку оваа лекција учениците треба да бидат охрабрени да истражуваат и да ја почитуваат нивната локална историја и култура.
Секојдневниот живот во Југославија за гимназиско образование – Сања Грегориниќ
Истражување на секојдневниот живот во Југославија, особено во областа на Лабин, со акцент на храна, пијалоци и развој на туризмот. Стекнување на знаења за секојдневниот живот во Југославија (1945-1990), со фокус на околината на Лабин. Преку оваа лекција учениците треба да бидат охрабрени да истражуваат и да ја почитуваат нивната локална историја и култура.
Спротивставени вистини и интерпретација на минатото – Иван Карадаревиќ
Наставната содржина на учебниците по историја и личната перцепција на воените случувања на просторот на бивша СФРЈ се чинат како спротивставени вистини на вистинското соочување со минатото, клучни во процесот на образованието на младите и на изградбата на мирот.
Братство и единство на маса? – Ида Љубиќ
Рецепти во готвачите и во учебниците по кулинарство издадени во Југославија можат да послужат како историски извори што го откриваат симболичкото значење на храната и процесот на приготвување храна и можат да им помогнат на учениците во подобро разбирање на стопанските, политичките и идеолошките пригоди во раздобјето на СФР Југославија.