Експерти

HIP

Весна Ивезиќ

vesna-ivezic

Весна Ивезиќ е професор по социологија, филозофија и логика, во средно училиште „Мате Блазине“ во Лабин, Истра. Весна дипломираше филозофија и социологија на Универзитетот во Загреб, се здоби со титулата мастер на катедрата по социологијата (поле – Социлогија на религија) и продолжува со своите докторски науки исто така на катедрата по социологија. Со години самостојно работи во различни новини и објавува во книжевни магазини во Хрватска. Весна е основач на невладината организација „ Здружение за унапредување на човековите права, слобода и квалитет на живот-IDIA“. Има напишано книга „Право да се биде различен“, која е резултат на истражување направено под истото име, за дискриминација на ромските деца во повисоките одделенија во основните училишта од различни места во Хрватска, и исто така има соработувано со Сојузот на Ромите од Истриа – Пула , како еден од иницијаторите за билингвален (ромско-хрватски) мегазин „Гласот на ромите во Истриа“. Од 2009, е во соработка со АСМ (Академија за слободно мислење) Леонардо од Пула, кој го организира Бункер фестивалот за забранети и заборавени филмови, посветена на афирмацијата на слободата на уметничкото изразување. Фестивалот исто така содржи тркалезна маса „Цензура, слобода на креативност и позицијата на авторот“. Често поседува стручни конференции и предавања од професори, како и научни конференции и објавува во научни магазини. Нејзините интереси се: човекови права, толеранција, ксенофобија, расизам, екологија, на кратко – разгледува на сите начини во достигнување на слобода и еднаквост за сите. Таа е член на Хрватското социолошко друштво, Хрватското филозофско друштво и Хрватскиот сојуз за интеграција.

Тихана Магаш

tihana

Тихана Магаш е родена и израсната во Осјек, Хрватска. Има студирано во Универзитетот во Задар, и има завршено со диплома по социологија и професор по историја. Уште од нејзините средношколски денови, таа е заинтересирана и вклучена во полето на човековите права, воени жртви, Холокаустот, и истовремено има учествувано на многу работилници промовирајќи толеранција, еднаквост/уникатност што разбудила критичка свест кај младите луѓе на сензитивни теми во општеството во кое живеат. Во моментов, таа работи во Гимназијата „Владимир Назор“ во Задар.

Татјана Јуриќ

tatjana-juric

Татјана Јуриќ е наставник по историја и латински јазик на меѓународната програма во гимназијата Бања Лука во Босна и Херцеговина. Како наставник, Татјана има иновативен педагошки пристап и користи нови техники за креативна настава. Важни цели во нејзината работа се подобро разбирање на минатото низ критичка анализа на историските извори, развивање на толеранција и мултиперспективност, препознавајќи употреба и злоупотреба на историски митови и факти, проширување на хоризонтите и зголемување на свеста за опасноста од радикалните, екстремистички движења и тоталитарните режими. Во моментов, Татјана е вклучена во повеќе интеркултурни и истражувачки проекти кои се занимаваат со различни историски прашања.

Моника Монтанич

monika-montanic

Моника Монтанич е координатор на проектот наменет за патувачката изложба „Ана Франк – Историја за денес“ во Словенија. Таа има додипломски студии по историја и работи во Националниот музеј на современа историја во Словенија (МНЗС). Како студент, таа работеше со скратено работно време во MNZS како водич на постојаната поставка – Словенците во 20 век – и многу други привремени изложби. На МНЗС таа е вклучена во програмата за развој на образовна литература и курсеви за ученици од основно и средно училиште и постарите граѓани, каде посебна грижа и внимание се обрнува на средношколци кои се подготвуваат за нивните завршни државни испити по историја. Во музејот организира специјални настани за деца во предучилишна возраст, каде што е вклучена во организацијата на настанот, како и подготовка на соодветни содржини и литература. Таа, исто така, присуствува на голем број едукативни курсеви за да се покрене иницијатива да се направат уметнички институции подостапни за луѓето со посебни потреби. Тоа е причината зошто таа го прилагоди целиот текст од патувачката изложба „Ана Франк – Историја за денес“ во Брајово писмо и разви специјална работилница за врснички водичи. Покрај нејзината вклученост во изведување на образовните програми на музејот и координирање на меѓународниот проект на Ана Франк во Словенија, нејзината главна улога во МНЗС во моментов е во одделот за односи со јавност.

Д-р Мишо Докмановиќ

miso-dokmanovic

Д-р Мишо Докмановиќ е доцент на Правниот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, Македонија, каде предава предмети од областа на Историја на правото и Современа македонска историја на Одделот за политички науки. Д-р Докмановиќ дипломирал, магистрирал и докторирал на политички науки на Правниот факултет при УКИМ, а има магистрирано и на Современа дипломатија на Медитеранската академија за дипломатски студии. Неговата докторска теза (2010) се фокусирала на државниот и правниот развој на Македонија во рамките на југословенската федерација, во периодот од 1946 до 1953 година, додека неговата магистерска теза (2005) се занимавала со распадот на Југославија и процесот на македонската независност. Учествувал на конференции, студиски посети и предавал во над 45 земји. Д-р Докмановиќ работел како истражувач на неколку водечки академски институции, меѓу кои Универзитето во Мичиган, Универзитетот во Флорида, Универзитетот во Илиноис и Централно Европскиот Универзитет. Исто така, тој е надворешен предавач на многу тековни и летни програми, политички академии и тренинг програми, меѓу кои Preparing Global Leaders Academy во Јордан и Preparing Global Leaders Institute. Исто така, тој бил учесник на едномесечната зимска школа „Јад Вашем“ за студии на Холокаустот, во 2008. Покрај неговата академска кариера, д-р Докмановиќ има повеќе од десет години искуство со меѓународни проекти во Македонија и регионот. Работел на проекти финансирани од УСАИД; ЕК (ТЕМПУС, ФП7), Австриска Соработка за Развој како и Светскиот Универзитетски сервис – Австрија, Фондација Отворено Општество, НАТО и други.

Миљенко Хајдаровиќ

miljenko

Миљенко Хајдаровиќ работи како професор по историја, социологија, политика и граѓанство во средното училиште во Чаковец. Главен интерес му е образование за холокаустот и човековите права и употребата на информациски и комуникациски технологии во образованието.

Маја Панџа

maja-pandza

Маја Панџа е професор по историја и библиотекар во католичкиот училишен центар „Свети Павле“ во Зеница, Босна и Херцеговина. Веќе неколку години предава светска историја на ученици од основно и средно, со посебен фокус на Југоисточна Европа и националната историја преку мултиперспективен историски пристап. Се интересира за истражување на историското наследство и начинот на кој историјата влијае на денешните балкански општества како и за отворен пристап до информации и демократизација преку информациско-комуникациски технологии. Во соработка со професорскиот кадар ја развива програмата, организира работилници за информациска писменост, изработува стратегии за развој и е интегрален дел од процесот на предавање. Дипломирала книжевна и информациска наука а магистрирала историја на Универзитетот во Сараево.

Јелена Џуреиновиќ

jelena-dureinovic

Јелена Џуреиновиќ е докторанд по источноевропска историја на Меѓународниот постдипломски центар за студии на културата на Јустус Либиг универзитетот во Гисен. Магистрирала студии по национализам на Централно Европскиот Универзитет во Будимпешта, каде завршила со пофалби за тезата за политичката и правната рехабилитација на Драгољуб Михајловиќ и Југословенската армија во Татковината во современа Србија. Нејзиниот докторат се фокусира на официјалната политика на сеќавање на Втората светска војна во Србија после Милошевиќ, каде ја анализира државно-санкционираната работа на официјалното сеќавање на војната и нејзините чинители, фокусирајќи се на институциите, одлучувањето, легислативата и недоследностите во овој процес, како и на локалните практики на сеќавање во однос на политиката на официјалното сеќавање. Истражувачките интереси на Јелена вклучуваат политика на сеќавање на Втората светска војна во Југоисточна Европа, легислативата за рехабилитација и негирање на злосторства и нејзината примена, како и улогата на историчарите како политички чинители. Друг важен интерес е транзиционата правда, работа со сеќавањата и справување со проблематичното минато во пост-југословенскиот простор. Исто така, Јелена е учесник во „Balkan 100: Recollecting Memories in the Western Balkans“, проект кој поврзува група млади истражувачи од Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Македонија. Јелена пишува и за политичкото списание Маргина.

Иван Карадаревиќ

ivan-karadarevic

Иван Карадаревиќ е професор по филозофија, реторика и граѓанско образование во Втората Граматичка Школа во Крагуевац, Србија. За време на неговата кариера како професор во школскиот образовен систем, тој пробувал различни начини на предавање и бил автор и изведувач на програма за професионален развој на професори. Моментално тој е еден од модераторите како помлад експерт за имплементација на Националната рамка за наставни планови. Учестувал во разни неформални образовни програми и поседува бројни сертификати кои го потврдуваат неговото искуство како тренер за човекови права, јавно говорење, дебата и глобално образование. Иван верува дека неопходно е да се поттикнува развојот и образованието на младите луѓе преку дополнителни невладини тренинг програми. Неговиот фокус е примарно насочен кон работа со млади и помагање на младите во процесот на активно вклучување во граѓанското општество, учество во школски проекти и сл. Иван е член на професионални тела како Српската конференција на гимназии, Асоцијација за развој на граѓанското образование и образование за демократија; претставник е на Кордиа – Центар за образование и развој на отворено општество. Има специјализирана програма за граѓанско образование и политички науки од Универзитетот во Белград.

Ида Љубиќ

ida

Ида Љубиќ е професор по историја во Угостителското средно школо во Загреб. Студирала историја и етнологија на Филозофскиот факултет во Загреб а постдипломските студии по историја ги завршила на Централниот Европски Универзитет во Будимпешта. Нејзината работа вклучува подучување на ученици со потешкотии во учењето, како и јакнење на самодовербата и способноста на учениците од стручните гимназии преку нивно инволвирање во проекти како Model International Criminal Court Western Balkans (MICC WeB), Free2Choose, Crocus Project, онлајн проектот World Class Scholars, како и Меѓународната кулинарска работилница со баратели на азил во Загреб. Освен историја, таа предава и предмети од граѓанско образование, како проблеми со човекови права, Холокаустот и превенција на злосторства против човештвото. Се надева дека проектот „Historija, Istorija, Povijest – Lessons for Today“ ќе придонесе за разбивање на стереотипите и создавање нови методи и алатки за предавање на историјата на Југославија и нејзиниот распад.

Д-р Џевада Шушко

dzevada-susko

Д-р Џевада Шушко е истражувач и директор на Инситутот за исламска традиција на бошњацие (www.iitb.ba), истражувачка институција на исламската заедница во Босна и Херцеговина. Џевада Шушко е првата жена на лидерска позиција во исламската заедница. Таа исто така е асистент на Меѓународниот универзитет во Сараево, на одделот за меѓународни односи. Таму предава курсеви поврзани со историјата, политиката и општеството во Југоисточна Европа, со фокус на поранешна Југославија како и Босна и Херцеговина. Пораснала во Германија каде го завршила поголемиот дел од студиите по историја, политички науки и културна антропологија на Хајделберг и Универзитетот во Хамбург. Како космополит, студирала и во странство, односно во Фиренца, Отава, Рамала и Мадрид. Моментално работи на објавување на нејзината докторска теза „Проблемот со лојалноста: реакцијата на Бошњаците на Австро-Унгарската империја (1878 – 1918)“. Џевада Шушко е автор на неколку поглавја и академски статии, како книгата за поранешниот висок претставник Кристијан Шварц – Шилинг, или за позицијата на жените во Босна и Херцеговина. Дополнително, таа е вклучена во граѓанскиот сектор, во органициите Центар за образование и истражување „Нахла“ (www.nahla.ba) и Центар за напредни студии во Сараево (www.cns.ba).

Бојана Голубовиќ

bojana-golubovic

Бојана Голубовиќ е професор по филозофија во гимназијата „Светозар Марковиќ“ во Ниш. Осум години е вклучена во предавање и тренинзи по филозофија, логика, граѓанско образование, дебата и симулации на судење, преку формално и неформално образование. Од октомври 2013 станува дел од проектот за билингвална паралелка на Францускиот институт во Србија, и оттогаш почнува да учи француски со цел да може да предава филозофија на француски јазик, за билингвалните ученици. Како волонтер била член на Nauk nije bauk, тимот кој е одговорен за организирање на најголемиот Фестивал на Науката во Југоисточна Србија. Посветена е на популаризирање на науката во Србија па така се зачленува и во организација на The Researcher’s Night, Pokreni se za popularizaciju nauke како и Nauk nije bauk. Нејзиниот интерес за отворен дијалог ја наведува да се зачлени во My speech, каде членуваат дебатните клубови на колеџот Валуас од Венло, Холандија и на гимназијата „Светозар Марковиќ“ од Ниш, Србија.

Бесник Емини

besnik-emini

Бесник Емини дипломирал историја на УКИМ во Скопје, Република Македонија во 2002. Магистрирал на истиот универзитет во 2009. Специјализира во историја на балканските нации за време на 18 и почетокот на 19 век, национално освестување и создавање на националните држави на Балканот. Во моментов тој е докторанд. Работи како истражувач на Институтот за културно и духовно наследство на Албанците во Скопје, Македонија. Тој е експерт по историја и историско образование, автор на учебник, предавач и тренер. Работел како наставник по историја од 2001 до 2008. Во 2008 бил назначен за Претседател на државната комисија за испити по историја за наставници во основни училишта. Активен член и основач е на Македонската асоцијација на наставници по историја (членка на EUROCLIO). Учествувал на работилници и семинари, конференции и други активности во Македонија и други земји. Ја промовира идејата дека историјата треба да се третира без граници и дека учебниците треба да содржат повеќе лекции за современата-тековната историја, како и дека образовно-школските системи мора да обратат повеќе внимание на хуманистичките предмети, вклучително и историјата, во време на брз технолошки развој, со цел да се спречи дехуманизацијата на човечките вредности. Љубител е на јазици, музеи и книжарници.