Врсничка едукација

HIP

Врсничка едукација

peer-education

Методот „врсничка едукација“ игра важна улога во овој проект и е суштински дел од искуството врзано за патувачката изложба. Групи на учениците посетители се водени низ изложбата од страна на свој врсник, а на тој начин се остварува врсничко образование. Ова е корисно за а) младите водичи (обучени од страна на тренери од локалната партнерска организација пред изложбата да се отвора во нивниот град), кои ќе научат повеќе за оваа тема, со тоа што се во позиција да го пренесуваат знаењето, и ќе учат како ефикасно и убедливо да се претстави оваа тема на групи. Тоа е, исто така, корисно за б) учениците во посета, поради тоа што таквиот пристап го прекинува моделот на “старите наставници” и “младите ученици” и овозможува поголема веројатност студентите да бидат заинтересирани за оваа тема кога е “препорачана” од страна на некој од иста или слична возраст.

СЛЕДНИ НАСТАНИ